• недела, 19 мај 2024

Двајца загинати во сообраќајната несреќа на патот Радовиш-Штип

Двајца загинати во сообраќајната несреќа на патот Радовиш-Штип

Струмица, 3 мај 2024 (МИА) - Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш-Штип загинаа двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската Болница.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.

- На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило „опел" е пренесена во Медицински центар Штип, изјави Трајанова.

Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Од полицијата повеќе детали за несреќата најавуваат за утре. рт/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан