• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

4 мај 2024

Скопје – Одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев. (црква „Свети Спас“/ 10:30, медиумски екипи треба да бидат поставени во црквата најдоцна до 10:15): 

Поради безбедносни протоколи, медиумските екипи да се пристигнати на еден од двата пункта за контрола од страна на МВР најдоцна до 09:30 часот (едниот на крстосницата кај „Меморијалниот центар на Холокаустот“ или вториот кај Мустафа-пашината џамија) 

- цвеќе ќе положи претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

- собраниска делегација во состав Дарко Каевски, Даниела Николова и Велика Стојкова – Серафимовска.

- владина делегација предводена од Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.

- делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и претседателот на СДММ Марко Михаилоски, во името на СДСМ. (изјави за медиумите ќе дадат Сања Лукаревска и Бојан Маричиќ/11:00)

Скопје – Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката. (Собрание на РСМ, Кристална сала/12:00)

Штип – Универзитет „Гоце Делчев" - Штип и Општина Штип одбележуваат 121 година од смртта на Гоце Делчев. (пред Спомен релјефот на Гоце Делчев – Ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Ново Село/ 9:30, изјави за медиуми ќе дадат проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД и Иван Јорданов, градоначалник на Штип/ 9:15) 

Пустец – По повод 121-годишнина од смртта на Гоце Делчев ќе биде откриена спомен-биста на Гоце Делчев. (плоштад во непосредна близина на обновената црква „Свети Архангел Михаил“/ 11:30)

 

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Кичево/ Македонски Брод – Европскиот караван за парламентарните избори на СДСМ и Коалицијата за европска иднина предводен од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со носителите, коносителите и останатите кандидати за пратеници ќе биде со граѓаните на Кичево (18:00), а ќе се обрати на граѓанскиот собир пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Македонски Брод. (19:00)

Скопје – Прес-конференција на Движењето ЗНАМ За наша Македонија на која ќе се обрати проф. д-р Атанаско Туневски. (во седиштето на ЗНАМ за наша Македонија, ул. Климент Охридски“ бр.66/ 13:00)

Скопје - Прес-конференција на Европскиот фронт. (штаб на Европски фронт, плоштад Скендербег/11.00)

Скопје – Европски фронт организира панел дискусија на тема: „Национализам, исклучување во мултиетничките држави“. (Мултимедијален центар „Мала станица“/ 12:00)

Скопје – Носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1 и лидер на Демократското движење, Изет Меџити ќе даде изјава за медиумите. (плоштад „Скендербег“/ 10:30)

Демир Хисар – Носителот на листата на Работничка партија во ИЕ 5 Љубе Петревски ќе ја претстави својата програма пред медиумите и граѓаните на Демир Хисар. (пред Домот на културата/ 13:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан