• четврток, 25 април 2024

Маскембал на возрасните од Дневниот центар за стари лица со активно стареење - Крива Паланка

Маскембал на возрасните од Дневниот центар за стари лица со активно стареење - Крива Паланка

Крива Паланка, 29 март 2024 (МИА) - Пролетни маски, семафори, далматинци, во вакви улоги четириесетина возрасни лица, корисници на Дневен центар за стари лица со активно стареење од Крива Паланка ги посетија најмладите жители на градот, дечињата од детската градинка „Детелинка" и им приредија кратка програма посветена на 1 Април.

-Бидејќи сите возрасни секогаш се најсреќни кога покрај нив се внуците, кога се меѓу дечињата - цвеќиња на светот, сега ние направивме нешто поинакво, за првпат во градот, можеби и во државата, јас не знам дали има друга ваква прекрасна група возрасни, стари лица кои стареат активно, следат текови и трендови во општината и регионот, благодарение на Дневниот центар и се пример и за средината и за нивните семејства, колку уште имаат да пружат во општеството. Нашите корисници, инспирирани од „Првоаприлска шега", големиот маскенбал што следува, кога сите дечиња ќе ги носат нивните омилени маски, ние во претходница, се маскиравме, притоа уживавме, се радуваме заедно како деца, зашто никогаш не старее оној што го сочувал и го негува детето во себе, рече секретарот на ОО Црвен Крст Крива Паланка, Дарко Пешовски.

Нагласи дека маскираните учесници, дамите : пролет, семафори и гроздови, а мажите-далматинци, подготвиле и мала приредба:  шеги, песни и досетки кои ги претставиле пред дечињата од градинката "Детелинка".

- Ова беше прекрасна и несекојдневна дружба на нашите корисници со дечињата кои пееја заедно со бабите и се смееја на нивните шеги. Владееше одлична атмосфера, додаде Пешовски.ид/


Фото Црвен Крст Крива Паланка 

Остани поврзан