• четврток, 02 мај 2024

Маричиќ: Најдобра опција за стабилност и прогрес на државата е влезот во ЕУ, за сите млади и за сите македонски граѓани

Маричиќ: Најдобра опција за стабилност и прогрес на државата е влезот во ЕУ, за сите млади и за сите македонски граѓани

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Првиот заменик престедател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска остварил средба со млади активисти, учесници на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти, во партнерство со организации од Албанија и Србија (Science, Innovation and Development Centre и Иницијатива за човекови права), соопштија од Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

На состанокот вицепремиерот Маричиќ во дискусија со учесниците се осврнал на важноста на евроинтеграцијата за младите и сите граѓани на државата и регионот. Учесниците говореле за регионалната соработка, младинското учество, одливот на мозоци и подобрување на образованието со цел задржување на младата работна интелектуална сила во државата. - Теми кои ги засегнуваат младите се можностите за  соработка, отворање на можности за вработување за млади и активизам за реализација на двојната транзиција на општеството: дигитална и зелена, се наведува во соопштението. 

Маричиќ во своето обраќање до учесниците меѓу другото порачал дека приоритет за прогрес на општеството и за унапредување на животниот стандард со значителни социо-економски придобивки е можно само доколку Северна Македонија и регионот што поскоро се приклучи на Европската Унија.  

- Најдобра опција за стабилност и прогрес на државата е ЕУ, за сите млади но и за сите граѓани во неа, затоа не се откажуваме од нашата иднина!, рекол вицепремиерот, стои во соопштението.

На средбата присутни биле учесниците на програмата и координаторите на Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ). цр/аа/

Фото: СЕП

Остани поврзан