• петок, 17 мај 2024

Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога

Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога

Скопје, 2 мај 2024 (МИА) - Во Тетово вчера во 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од село Мала Речица, тетовско.

Како што денеска соопштија од МВР, при претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња со течност и други предмети поврзани со делото.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан