• сабота, 27 јули 2024

Макрон ќе се сретне со Орбан за да разговара за Украина

Макрон ќе се сретне со Орбан за да разговара за Украина

Париз, 5 декември 2023 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон в четврток ќе има работна вечера со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Елисејската палата во обид да се најде компромис пред самитот на ЕУ следната недела. 

-Двајцата лидери треба да разговараат за „различни аспекти на европската поддршка за Украина“, како и за други теми од агендата на самитот, се вели во соопштението објавено денеска од Кабинетот на францускиот претседател. 

Во писмото испратено до шефот на ЕУ, Шарл Мишел во понеделникот, Орбан бара одложување на клучните одлуки за Украина, вклучително и дополнителна финансиска помош за земјата разурната од војна и можноста за почеток на преговори за членство во ЕУ. 

Европската комисија минатиот месец препорача да започнат преговорите за членство со Украина и Молдавија. 

ЕК исто така, предлага финансиски спас од 50 милијарди евра за Киев како дел од ревизијата на долгорочниот буџет на блокот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан