• недела, 05 мај 2024

Македонските спортисти ги завршија настапите на младинските ЗОИ

Македонските спортисти ги завршија настапите на младинските ЗОИ

Гангвон, 30 јануари 2024 (МИА) – Македонскиот натпреварувач во крос кантри Давид Торевски на денешната трка на 7,5 километри на младинските Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Гангвон го освои 70 место во конкуренција на 78 учесници, заостанувајќи 6:11 минути зад победникот Мох од Германија, додека Матеа Трајковска во истата дисциплина не стартуваше.

Со ова завршија настапите на македонските спортисти на овие младинските ЗОИ во јужнокорејски Гангвон.

Македонските бои на Игрите ги бранеа Давид Торевски и Матеа Трајковска во крос кантри, како и биатлонците Андријана Кајевска и Матеа Трајковска.

На Игрите во Гангвон беа пријавени над 1.800 спортисти на возраст од 15 до 18 години од 80 држави.ег/свс

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан