• недела, 12 мај 2024

Тежок удар за Баерн пред натпреварот на сезоната против Реал Мадрид

Тежок удар за Баерн пред натпреварот на сезоната против Реал Мадрид

Минхен, 5 мај 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро ќе го пропушти полуфиналниот реванш со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, соопштија од клубот.

Тој заработи повреда при поразот од Штутгарт со 3:1.

Португалскиот дефанзивец беше подложен на лекарски преглед, по што му беше констатирано повреда на коленото и вкрстените лигаменти.

Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн ќе се одигра во среда на 8 мај на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Првиот натпревар заврши 2:2. дс

Фото: Баерн Минхен

Остани поврзан