ПСЖ пред разделба со Маркињос на крајот на сезоната
- Актуелниот европски првак ПСЖ нема да му прави пречки на капитенот Маркињос при евентуално заминување од екипата на крајот од сезоната, објави денеска парискиот весник „Л Екип“.
Париз, 19 април 2026 (МИА) – Актуелниот европски првак ПСЖ нема да му прави пречки на капитенот Маркињос при евентуално заминување од екипата на крајот од сезоната, објави денеска парискиот весник „Л Екип“.
Според истиот извор, 31-годишниот Бразилец самиот ќе одлучи дали сака да остане во тимот, бидејќи парижаните се склони да се разделат од играчот на лето.
Маркињос е во ПСЖ од 2013 година. Оваа сезона запиша 26 настапи во сите натпреварувања и постигна два гола.
Неговиот договор со европскиот првак истекува во лето 2028 година.ег
ФОТО: Архива