Македонските ракометари ќе „тестираат“ и против Црна Гора пред Европското првенство
- Македонската машка ракометна репрезентација во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство, покрај двата закажани контролни натпревари против Грција, ќе одигра пријателски натпревар и против Црна Гора.

Подгорица, 21 ноември 2023 (МИА) – Македонската машка ракометна репрезентација во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство, покрај двата закажани контролни натпревари против Грција, ќе одигра пријателски натпревар и против Црна Гора.
Натпреварот, како што објави денеска Ракометната федерација на Црна Гора, е закажан за 29 декември на неутрален терен во српскиот град Стара Пазова.
По овој дуел, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ги очекуваат и контролните пресметки против Грција, закажани за 4 и 5 јануари во Скопје.
Македонските ракометари на Европското првенство, чиј домаќин во јануари ќе биде Германија, ќе играат во групата А, заедно со домаќинот, како и репрезентациите на Франција и Швајцарија. ег/дма/
Фото: РФМ