• петок, 05 декември 2025

Форца ги дозна противниците на стартот од квалификациите во ЛШ во футсал

Форца ги дозна противниците на стартот од квалификациите во ЛШ во футсал

 

Нион, 3 јули 2025 (МИА) – Македонскиот првак Форца денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дозна противниците во прелиминарната квалификациска група во Лигата на шампиони (ЛШ) во футсал.

Жрепката одлучи Форца на домашен терен во Куманово да ги пречека ерменски Ереван, Енкамп од Андора, како и првакот на Сан Марино, Мурата во рамки на групата А.

Прелиминарната квалификациска рунда ќе се игра од 26 до 31 август, а победниците во осумте прелиминарни групи ќе обезбедат пласман во главната квалификациска рунда.

Доколку заврши првопласиран во групата А, македонскиот шампион Форца во главната квалификациска рунда наесен ќе игра во групата 8 заедно со победникот од прелиминарната квалификациска група Ц, како и двата украински претставници – Хит Киев и Аурора.ег

ФОТО: ФОРЦА/Фејсбук

Остани поврзан