• четврток, 04 декември 2025

Деандре Ајтон во ЛА Лејкерс

Деандре Ајтон во ЛА Лејкерс

 

Лос Анџелес, 3 јули 2025 (МИА) – Американскиот кошаркар Деандре Ајтон ќе се пресели во редовите на Лос Анџелес Лејкерс јави телевизијата ЕСПН.

Според истиот извор, Ајтон (213 см), кој по потекло е од Бахамите, ќе потпише двегодишен договор и ќе заработува 34 милиони долари по сезона.

Ајтон, кој беше прв избор на НБА драфтот во 2018 година, ги помина своите први пет НБА сезони во дресот на Феникс, а во ЛА Лејкерс доаѓа од Портланд.

Минатата сезона, Ајтон одигра само 40 натпревари за Портланд, а поради повреда во февруари беше надвор од терените до крајот на сезоната. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан