Португалската федерација побара од УЕФА минута молк по повод смртта на Жота и Силва
- Португалската фудбалска федерација побара од УЕФА да одржи минута молк пред натпреварот меѓу Португалија и Шпанија на Европското првенство за жени по повод смртта на португалскиот репрезентативец од редовите на Ливерпул, Диого Жота, кој загина заедно со неговиот брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во Шпанија.
Лисабон, 3 јули 2025 (МИА) – Португалската фудбалска федерација побара од УЕФА да одржи минута молк пред натпреварот меѓу Португалија и Шпанија на Европското првенство за жени по повод смртта на португалскиот репрезентативец од редовите на Ливерпул, Диого Жота, кој загина заедно со неговиот брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во Шпанија.
„Португалската фудбалска федерација и целиот португалски фудбал се целосно скршени од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, што се случи синоќа во Шпанија“, напиша на Фејсбук претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса.
Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа во близина на Замора, во северозападна Шпанија, непосредно по полноќ во четврток.
Автомобилот, од марката „Ламборџини“ во кој Диого патувал со својот брат Андре (25), исто така, професионален фудбалер, излетал од патот и се запалил.
Жота (28) неодамна се ожени и со сопругата Кардосо имаше три деца.
Неговиот помлад брат Андре Силва астапуваше за португалскиот второлигаш Пенафиел
„Многу повеќе од фантастичен играч, со речиси 50 настапи за сениорската репрезентација, Диого Жота беше извонредна личност, почитувана од сите негови колеги и противници. Изгубивме двајца шампиони. Смртта на Диого и Андре Силва претставува надоместлива загуба за португалскиот фудбал“, додаде првиот човек на португалскиот фудбал во објавата на социјалните мрежи. ег
ФОТО: ЕПА