• вторник, 14 мај 2024

Маж нападнал со нож четири лица во центарот на Братислава

Маж нападнал со нож четири лица во центарот на Братислава
Братислава, 27 јули 2020 (МИА) – Четири лица се повредени во напад со нож што се случил утрово во Братислава, соопшти денеска портпаролот на службата за вонредни ситуации Алена Крчова. Меѓу повредените е и еден тинејџер, а како што соопшти полицијата, напаѓачот е уапсен. Жртвите се пренесени во болница во Братислава и никој не е во сериозна состојба, додаде Крчова. Универзитетската болница соопшти дека примила три лица со сериозни повреди и дека веднаш биле оперирани, но никој не бил во опасност по живот. Тинејџерот бил пренесен во детска болница. јт/

Остани поврзан