• среда, 15 мај 2024

Мадуро ја поднесе својата претседателска кандидатура, неговата ривалка не успеа

Мадуро ја поднесе својата претседателска кандидатура, неговата ривалка не успеа

Каракас, 26 март 2024 (МИА) – Партијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, проследена со илјадници приврзаници, ја поднесе неговата кандидатура за шеф на државата, за изборите што ќе се одржат на 28 јули.

Кандидатурата беше поднесена до Националниот изборен совет (ЦНЕ), а тоа официјално го стори потпретседателот на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ), Диосдадо Кабело.

Тој ги потпиша потребните документи во присуство на Мадуро (61), чиј реизбор во 2018 година не беше признат од дел од меѓународната заедница. Тогаш Венецуела беше подложена на меѓународни санкции.

Мадуро бара трет шестгодишен мандат на чело на неговата земја.

Во меѓувреме, неговите ривали се обиделе да ја пријават својата кандидатка Корина Јорис (80) пред истекот на рокот на полноќ. Меѓутоа тоа не им успеало, што опозицијата го нарече уште еден напад врз демократијата.

Мадуро досега успеваше да ги блокира кандидатурите на неговите главни противници додека истовремено преговараше за минималните предизборни гаранции ветени на американската влада во замена за ублажување на санкциите за извозот на нафта од Венецуела.

Две опозициски партии, на кои им е дозволено да учествуваат на внимателно следени избори, ја номинираа Корина Џорис минатата недела за да го испровоцираат Мадуро.

Нејзиното име, Корина, е потсетник на нејзината имењачка Марија Корина Мачадо, чија кандидатура беше прогласена за незаконска од Уставниот суд на Венецуела, поддржан од Мадуро, откако таа убедливо победи на националните прелиминарни избори во октомври.

- Ги исцрпивме сите можности, изјави Јорис пред новинарите откако не ја пријави својата кандидатура ниту по електронски пат, ниту лично. „Не беше одбиено само името на Корина Јорис, туку и името на секој граѓанин што сакаше да се кандидира“, додаде таа. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан