• недела, 22 декември 2024

Левандовски има намера да остане во Барса и следната сезона, тоа го сака и клубот

Левандовски има намера да остане во Барса и следната сезона, тоа го сака и клубот

Барселона, 4 февруари 2024 (МИА) - Роберт Левандовски сака да ја продолжи кариерата во Барселона. Триесет и петгодишниот напаѓач има намера да остане во клубот најмалку уште една година, пренесува „Diario Sport“. Тој сака да го види новиот проект за клубот со новиот тренер.

Барселона исто така сака да ја продолжи соработката со Полјакот. Клубот се восхитува на неговиот професионализам и физичка подготвеност.

Каталонците ќе го задржат Левандовски на истата плата што ја добиваше во првите две сезони. Така Роберт ќе остане најплатен играч на Барса доколку кариерата ја продолжи во овој клуб.

Воедно, Барселона нема да го спречи напаѓачот да си замине доколку добие понуда од друга екипа.

Левандовски оваа сезона во Примера постигна девет гола на 21 натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан