Ван Дајк не знае дали ќе остане во Ливерпул
- Капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк даде изјава која сигурно ќе ги загрижи навивачите на клубот од „Енфилд“.

Ливерпул, 12 март 2025 (МИА) - Капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк даде изјава која сигурно ќе ги загрижи навивачите на клубот од „Енфилд“.
„Црвените“ беа елиминирани од Лигата на шампионите на пенали на домашниот стадион, а ПСЖ се покажа пресилен за нив (1:1, 1:4 на пенали).
По разочарувачкиот исход, Холанѓанецот со жешка глава им пријде на новинарите, откривајќи дека неговата иднина на „Енфилд“ се уште е нејасна.
-Искрено, немам поим. Навистина немам поим во овој момент. Ништо не е ставено на чекање, само... Слушај, јас го повторувам истото. Имаме уште 10 натпревари до крајот на сезоната и само на тоа сум фокусиран“, изјави видно исфрустрираниот дефанзивец и додаде: „Ќе дознаете дали има некаква вест, но засега ни јас не знам ништо. Сите се свесни за фактот дека некои разговори се водат зад сцената, но тоа е тоа отприлика. Во моментов, никој не знае што ќе се случи следната година. Ако кажат дека знаат, ве лажат во лице“.
По раната елиминација од елитното европско натпреварување, Ливерпул останува да ја заврши трката за титулата во Премиер лигата, за која многумина веруваат дека сега е само формалност. Тие ќе го бранат трофејот во Лига купот во сабота, кога во финалето на тоа натпреварување ќе се сретнат со Њукасл.
Покрај Ван Дајк, на лето им истекуваат договорите на уште двајца исклучително важни играчи на „црвените“ - Мохамед Салах и Трент Александар-Арнолд. дс
Фото: Архива