• четврток, 05 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Челси не сака да го задржи Санчо

Челси не сака да го задржи Санчо

Лондон, 12 март 2025 (МИА) - Раководството на Челси би можело да го врати Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед ова лето и покрај обврзувачката откупна клаузула во договорот за позајмица потпишан минатото лето, пренесуваат англиските медиуми.

Поранешниот играч на Борусија Дортмунд оваа сезона е на позајмица на „Стемфорд Бриџ“, а следното лето „сините“ се очекува да платат меѓу 22 и 25 милиони фунти на „црвените ѓаволи“, во зависност од позицијата на Јунајтед.

Медиумите на Островот тврдат дека челниците на Челси се уште ја разгледуваат можноста да ја искористат клаузулата во договорот и да го вратат Санчо на „Олд Трафорд“, плаќајќи ја договорената казнена клаузула, чија висина не е позната.

Дополнителна компликација би можеле да бидат можните дискусии меѓу крилото и Челси за личните услови, бидејќи двете страни се уште немаат договор, иако задолжителната клаузула е позната уште од летото.

Самиот играч одлично ја започна сезоната во Лондон на првите неколку натпревари, но неговата форма постепено опадна и во последно време се почесто е на клупата за резерви. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан