• петок, 10 мај 2024

Леао ја доби наградата за играч на месецот во Серија А

Леао ја доби наградата за играч на месецот во Серија А

Рим, 24 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао  ја доби наградата за најдобар фудбалер во септември во Серија А.

На крилниот напаѓач на Милан му беше врачена наградата пред неделниот натпревар со Јувентус (0:1) во 9. коло.

Минатиот месец Португалецот на пет натпревари во првенството постигна три гола и беше творец на две асистенции.

Милан по девет кола е втор на табелата во Серија со 21 бод, еден помалку од лидерот Интер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан