• петок, 05 декември 2025

ПСЖ подготвен да го продаде Донарума по неуспешните преговори за нов договор

ПСЖ подготвен да го продаде Донарума по неуспешните преговори за нов договор

Париз, 11 јуни 2025 (МИА) - ПСЖ може да го продаде голманот Џанлуиџи Донарума во летниот преоден рок, објави „La Repubblica“.

Двете страни не можат да најдат заеднички јазик за нов договор. Актуелниот договор на 26-годишниот голман со парижаните истекува  летото 2026. Клубот за неговиот трансфер бара 40 милиони евра.

Претходно беше објавено дека за услугите на Донарума се заинтересирани Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

Минатата сезона голманот одигра 40 натпревари на сите турнири, прими 39 гола и 12 ја зачува мрежата чиста. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан