• петок, 05 декември 2025

Партизан поведе во АБА-финалето со Будуќност

Партизан поведе во АБА-финалето со Будуќност

Белград, 11 јуни 2025 (МИА) - Партизан синоќа во Белград ја совлада екипата на Будуќност со 83:67 и поведе со 2:1 во финалната серија од плејофот на регионалната кошаркарска АБА-лига.

Домаќините беа подобри во текот на целиот натпревар и не им дозволија на гостите од Црна Гора да се надеваат на позитивен резултат.

Бековите на Партизан, Џонс и Лундберг беа најефикасни со по 14 поени, кај Будуќност се истакна Сулаимон со 20 поени.

Следниот натпревар исто така ќе се игра во Белград, утревечер од 20 часот. Партизан ќе игра за титула, додека Будуќност за продолжување на серијата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан