• петок, 05 декември 2025

Холандија убедлива против Малта, Митровиќ постигна хет-трик во својот 100-ти меч за Србија

Холандија убедлива против Малта, Митровиќ постигна хет-трик во својот 100-ти меч за Србија

Гронинген, 11 јуни 2025 (МИА) – Репрезентацијата на Холандија ја постигна најубедливата победа на синоќешните дуели од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026.

Своја вечер имаше и српскиот фудбалер Александар Митровиќ со хет-трик на својот 100. натпревар за репрезентацијата.

Постигнати резултати:
Финска – Полска 2:1
Летонија – Албанија 1:1
Холандија – Малта 8:0
Романија – Кипар 2:0
Сан Марино – Австрија 0:4
Србија – Андора 3:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан