• сабота, 18 мај 2024

Купувале производи со поминат рок, па го менувале датумот, уапсени 27 лица

Купувале производи со поминат рок, па го менувале датумот, уапсени 27 лица

Хаг, 14 јули 2023 (МИА) - Полицијата во неколку земји-членки на ЕУ откри криминална мрежа што оперира со повторно воведување храна со поминат рок во синџирот на снабдување и уапси 27 лица во Литванија и Италија.

-Искористувајќи ги ранливостите во синџирот на снабдување, првично предизвикани од пандемијата на Ковид-19, осомничените почнаа да набавуваат огромни количини храна и пијалоци со поминат рок, соопшти Европол.

Тие потоа користеле хемикалии за да го избришат датумот на истекување отпечатен на поединечни производи и повторно да испечатат нов.

Во други случаи, се фалсификува и залепува сосема нова етикета, со што се добива впечаток дека пакуваната храна или пијалок се сè уште свежи и безбедни за консумирање.

Овој специфичен начин на работа беше откриен и се следи како дел од ОПСОН, голема истрага за прехранбената индустрија координирана од Европол.

Последователните истраги предводени од земјите-членки и координирани од Европол доведоа до две насочени операции. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан