• четврток, 25 април 2024

Кулеба разговараше со Борел за воена поддршка за Украина

Кулеба разговараше со Борел за воена поддршка за Украина

Брисел, 3 Април 2024 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, и високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска во Брисел разговараа за воената поддршка за Украина и за следниот пакет санкции против Русија.

- Му се заблагодарив на Борел за неговите напори да мобилизира поголема поддршка од ЕУ за Украина и за неговата подготвеност да ја интензивира работата за наоѓање достапни системи Патриот за Украина. Ме информираше и за моменталната состојба со снабдувањето со артилериска муниција за Украина од ЕУ. Разговаравме за начини како да ги забрзаме, објави шефот на украинската дипломатија на Х.

Тој изјави дека со високиот претставник на ЕУ разговарал и за следниот пакет санкции на ЕУ, кој треба да го зголеми притисокот врз Русија, како и за претстојниот форум Украина-ЕУ со цел да се зголеми производството на одбранбената индустрија во Украина и низ Европа.

Украинскиот министер за надворешни работи е во Брисел, каде денеска и утре се одржува состанокот на министрите за надворешни работи на Северноатлантската алијанса и на Советот Украина-НАТО. јт/

Фото: Х

Остани поврзан