• сабота, 18 мај 2024

Крос одби да се приклучи на клуб од Саудиска Арабија

Крос одби да се приклучи на клуб од Саудиска Арабија

Берлин, 13 јуни 2023 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, ја одбил понудата од Саудиска Арабија, објави „Bild“. 

 

Крос добил понуда да се приклучи на амбициозниот арапски фудбалски проект. Се известува дека Саудијците на Германецот му понудиле тригодишен договор со дарежлива плата, но фудбалерот одбил. 

 

Претходно, Крос потврди дека ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид. Германскиот играч за врска игра за мадридскиот клуб од летото 2014 година. 

 

Триесет и тригодишниот играч за врска оваа сезона забележа 50 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи два гола и пет асистенции. зс/ 

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан