• четврток, 02 мај 2024

Кривична пријава за жител од Чашка кој физички ја малтретирал малолетната ќерка

Кривична пријава за жител од Чашка кој физички ја малтретирал малолетната ќерка

Велес,4 април 2024 (МИА) - СВР Велес до Основно јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против 41 годишниот А.С. од село во Општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда при семејно насилство“, казниво по член 130 и  „запуштање и малтретирање на дете“, казниво по член 201 од Кривичниот законик, информира попладнево Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Појаснува дека  пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, А.С. подолг временски период физички и психички го малтретирал семејството, воедно и неговите малолетни ќерка и син ги принудувал да просат. 

На 3-ти  април  тој е  лишен од слобода и по документирање на случајот поднесена му е  пријава. ад/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан