• недела, 19 мај 2024

Крива Паланка есенски шампион во македонското пингпонгарско првенство

Крива Паланка есенски шампион во македонското пингпонгарско првенство

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Екипата на Крива Паланка без ниту еден пораз е есенски шампион во пингпонгарската Супер лигата, додека Астраион од втората по ранг лига е најсериозен кандидат за влез во најдобрата македонска пингпонгарска лига.

Веднаш зад Крива Паланка е неколкукратниот шампион Младост 96 со 17 бодови, а на третото место е Шампиони ФА со 15 бодови.

Во Првата македонска лига, втора по ранг по Супер лигата, Астраион од Струмица е екипата без ниту еден пораз и со 16 бодови на врвот. Втор е Радовиш со 15, трет Прилеп со 14 бодови.

Следната година, покрај лигашките натпревари во јануари во Скопје ќе се одржи Европско првенство во категорија до 21 година. зс/

Остани поврзан