• петок, 17 мај 2024

Крводарителска кација во велешка Хемиска

Крводарителска кација во велешка Хемиска

Велес,1 ноември 2022(МИА) - Меѓу средношколците во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес попознато како Хемиска денеска во акција за доброволно дарување крв на Општинската организација на Црвен крст беа собрани 12 крвни единици. Акцијата е спроведена  во соработка со медицинска екипа Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Како што информираа од Црвен крст, имало повеќе пријавени, но некои ученици не ги исполнувале строгите здравствените критериуми за да можат денеска да даруваат крв.

Во текот на октомври се одржа иста ваква акција и меѓу средношколците од ССОУ „Коле Неделковски“ во која беа собрани 48 крвни единици. Меѓу средношколците во Гимназијата „Кочо Рацин“ акцијата за крводарување ќе се изведе на нивниот патрон празник во декември, а во Економското училиште треба да се договори терминот.

Заклучно со октомври годинава според евиденцијата на ООЦК Велес, во акциите и во станицата за доброволно дарување на крв попозната како трансфузија, досега се собрани вкупно  2936 крвни единици што е далеку  повеќе  над годишниот зацртан план од 1861 крвна единица.

Освен во Општина Велес, во овој биланс  се вклучени и крводарувањата во Општина Градско и Општина Чашка.

Велешките крводарители со години наназад се на врвот на најхуманите во земјава.ад/

Остани поврзан