• понеделник, 23 декември 2024

Крводарителска акција денеска во Делчево, утре во Македонска Каменица

Крводарителска акција денеска во Делчево, утре во Македонска Каменица

Делчево, 8 јуни 2023 (МИА) - Во организација на Општинската организација на Црвен крст денеска во Делчево се реализира крводарителска акција. Акцијата се реализира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, од каде изразија задоволство од одзивот на хуманите граѓани на Делчево.

-Секогаш кога доаѓаме во Делчево имаме добар одзив од граѓаните кои еве и денес се доста активни. Во име на Црвен крст и граѓаните на Република Северна Македонија им се заблагоарувам за хуманоста и им посакувам и понатаму да бидат хумани, истакна Фикрет Демишовски, специјализант во Институтот за трансфузиона медицина.

Од почетокот на годината досега, како што додаде, организациониот секретар при Црвен крст Делчево, Ивана Ангеловски годишниот план за крводарување е пред исполнување.

-Сето тоа е благодарение на ажурноста на крводарителите кои ги поканувам и во иднина да продолжат така. Ова нека биде порака и за помладите и тие активно да се вклучат и да дадат свој придонес во зголемување на оваа бројка, додаде Ангеловски.

Од општинската организација на Црвен крст Делчево информираа дека крводарителска акција утре ќе биде спроведена со крводарителите од Македонска Каменица. вс/дма/


Фото: МИА

 

Остани поврзан