• вторник, 15 јули 2025

Општина Илинден набави работна машина за потребите на ЈКП „Илинден“ 

Општина Илинден набави работна машина за потребите на ЈКП „Илинден“ 

Скопје, 20 јуни 2025 (МИА) - Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните и за поквалитетно одржување на јавната чистота, одржување на јавните зелени површини, општина Илинден набави работна машина за потребите на ЈКП „Илинден“, трактор со приклучна механизација, телескопска рака за косење и кастрење вегетација (мулчер), информираат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска присуствување на промоцијата на новото возило истакна дека ќе се користи за одржување на јавните зелени површини, чистење на локалните патишта од вегетација, при што ќе се придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот како и отстранување на покрупната вегетација на тешко пристапни места. 

Тој додаде дека во наредниот период за ова возило планирано е да се набави дополнителна приклучна механизација која ќе се користи за метење улици, чистење на патишта во зимски услови, пошумување и озеленување, превоз на отпад и заорување на противпожарни појаси.

-Со континуираното модернизирање и обновување на опремата на јавните комунални претпријатија се овозможува поквалитетна, побрза и поефикасна комунална јавна услуга за граѓаните, но и придонес општина Илинден денес да биде една од најчистите општина во државата и во регионот, велат од Општината.вј/цр/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан