Во Берово продолжува замената на градското осветлување
- Во Берово продолжува замената на градското осветлување. Во своето соопштение градоначалникот Звонко Пекевски по повод оваа активност денес информираше дека нови лед светилки се поставуваат на пет улици во градот.

Берово, 20 јуни 2025 (МИА) - Во Берово продолжува замената на градското осветлување. Во своето соопштение градоначалникот Звонко Пекевски по повод оваа активност денес информираше дека нови лед светилки се поставуваат на пет улици во градот.
-Денеска со нови лед светилки се врши замена на градското осветлување на дел од улиците ,,Маршал Тито", Задарска, Зоран Бубевски", ,,Страшо Пинџур" и ,,Пионерска". Притоа заменети се вкупно 43 светилки, а во претстојниот период се планира да бидат заменети дополнителни 57 светилки, соопшти Пекевски.
Активноста за поставување на новото лед осветлување на споменатите улици, како што додаде беровскиот градоначалник, се реализира во рамките на Програмата за одржување на уличното осветлување, за 2025 година
- Новите светилки се подолготрајни и погодни за зачувување на животната средина и ќе придонесат за подобрување на видливоста во вечерните часови и за зголемување на безбедноста на пешаците и возачите, додаде Пекевски.
Од Буџетот на општина Берово за 2025 година, согласно склучениот договор по спроведената постапка за јавна набавка, за одржување на мрежата на улично осветлување на територијата на Општина Берово, ќе бидат потрошени вкупно 955.826,00 денари. вс/вј/
Фото: МИА