• недела, 19 мај 2024

Конкурс за учество на изложбата „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“

Конкурс за учество на изложбата „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“

Скопје, 29 август 2023 (МИА) - Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Еуро-Екопак" - Скопје во соработка со Детскиот ликовен центар објавува конкурс за учество на меѓународна изложба на творби на деца и младинци на тема „Творење и креирање на дела од отпад од пакување - 2023 година“.

Како што соопштија од „Еуро-Екопак", мотивите, темите и материјалите за работа се по избор и консултација на учениците со менторите-професорите по ликовно образование во основните училишта, на возраст од 11 до 14 години и средните училишта, на возраст од 15 до 18 години.

Во однос на амбалажен материјал за творење, може да се користат пластични шишиња, лименки, и други отпадни материјали од пакување. Може да се учествува со изработени скици, цртежи, скулптури и колажи на хартија, картон (со димензија од блок бр.5), рељефи на картон во плиток или подлабок рељеф и тродимензионални скулптури од различни материјали со димензија до 1,50 метар).

Рокот за прием на ликовните творби почнува од 1 септември и завршува на 15 октомври оваа година.

-Творбите може да се донесат во Детскиот ликовен центар –Скопје, Здружението на ликовни педагози, на први кат во библиотека „Другарче - Кинотека", на ул."Никола Русински"-1, Карпош 3 – Скопје спроти гимназијата "Никола Карев"- Скопје. По пошта-може да се испратат творби на хартија, блок број 5: цртежи, рељефни - плитки колажи и во комбинирана техника, појансуваат од „Еуро-Екопак".

Изложбата ќе биде подготвена до крајот на ноември. Стручната комисија ќе избере гран-при награда за најдобра групна творба и награди за најдобри индивидуални остварувања за освоено прво, второ и трето место.бт/са/

Фото/МИА Архива

Остани поврзан