• среда, 24 јули 2024

Концерт „Македонска - турска рапсодија“ во Даут пашин амам

Концерт „Македонска - турска рапсодија“ во Даут пашин амам

Скопје, 19 мај 2024 (МИА) - Во организација на новоформираната Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија - Скопје, синоќа во  Даут пашин амам се одржа концертот насловен „Македонска - турска рапсодија“ со познатиот домашен музичар - канунист  Џенгиз Ибрахим.

Музичките изведби на концертот, како што се анведува во соопштението од НУ Центар за култура на турската заедница, беа еден вид синтеза на старо со ново, ритмички расплети и користење на разни маками (стари музички скали). 

Пред почетокот на концертот в.д. директорката Небахат Рушид истакна дека на 29 март 2023 година врз основа на одлуката на Владата на Република Северна Македонија беше основана НУ Центар за култура на турската заедница, која во процесот на регистрација се соочи со доста предизвици, но не се откажа и на 21.12.2023 година официјално установата беше рагистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Настанот е дел од годишната програма на НУ Центар за култура на турската заедница во РСМ и е финансиран од Министерството за култура. дма/сст/

Фото: НУ Центар за култура на турската заедница

 

Остани поврзан