• сабота, 20 јули 2024

Ковачевски: Лидерска средба в понеделник

Ковачевски: Лидерска средба в понеделник

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе биде испратена покана за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието.

Средбата, како што рече, ќе биде закажана за понеделник, и на истата ќе разговараат за одржување на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот законик  согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

-Средбата ќе биде закажана за понеделник и на истата ќе разговараме за евроинтеграцијата на Северна Македонија, ќе разговараме за одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот законик  согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираше вечерва Ковачевски за време на заедничката прес-конференција со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.бт/аа/

Фото/МИА Архива

Остани поврзан