• недела, 22 декември 2024

Кирби: САД се против прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Кирби: САД се против прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Вашингтон, 25 октомври 2023 (МИА) - Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е против прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. 

-Примирјето сега ќе му користи само на Хамас, рече Кирби на прес-конференцијата, но не прецизираше дали и САД се против хуманитарниот прекин на огнот побаран од Обединетите нации, пренесува Ал Џезира. 

Зборувајќи за нападите врз американските војници на Блискиот Исток во последните години, Кирби кажа дека американската администрација го сфаќа тоа „многу, многу сериозно“. 

Стејт департментот претходно соопшти дека прекинот на огнот ќе му овозможи на Хамас да се прегрупира. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан