• сабота, 18 мај 2024

Кејт Винслет со својата ќерка во ТВ-серија

Кејт Винслет со својата ќерка во ТВ-серија
Лос Анџелес, 13 април 2022 (МИА) - Британската глумица Кејт Винслет ја доби главната улога во ТВ-серијата „Јас сум...“ (I am...). Во неа ќе глуми и нејзината ќерка Мија Триплтон. Серијата на Доминик Севиџ e од жанрот драма и е таква што во секоја епизода се појавува нов лик и нова приказна. Оскаровката и ќерка ѝ се дел од третата сезона, а епизодата со нив се вика „Јас сум Рут“. Винслет и претходно има работено со својата ќерка. Тие двете глумеа во филмот на Алан Рикман - „Малиот хаос“ (А Little Chaos) од 2014 година.  си/сд/

Остани поврзан