• среда, 20 ноември 2024

Кејн: Одлуката да се преселам во Баерн е најдобрата во мојот живот

Кејн: Одлуката да се преселам во Баерн е најдобрата во мојот живот

Минхен, 28 август 2024 (МИА) – Англискиот фудбалер Хари Кејн, даде оценка за едногодишниот престој во Баерн Минхен. Тој смета дека направил вистински потег со трансферот во баварскиот клуб.

-Да станам дел од Баерн е најдобрата одлука во мојот живот. Уживам во секој момент овде. Треба да победуваме како тим, изјави Кејн за „derbyderbyderby.it“.

Минатата сезона фудбалерот не освои ниту еден трофеј со клубот. Баерн заврши на третото место во германското првенство. 

Пред доаѓањето во Англија Кејн долго време играше за Тотенхем, но и таму не успеа да стигне до трофеј. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан