• четврток, 13 март 2025

Доменикали ќе остане претседател на Формула 1 до крајот на 2029 година

Доменикали ќе остане претседател на Формула 1 до крајот на 2029 година

Лондон, 13 март 2025 (МИА) - Претседателот и извршен директор на Формула 1 Стефано Доменикали потпиша нов договор.

Педесет и деветгодишниот Доменикали се обврза да биде на чело на Ф1 е до крајот на 2029 година. Претходниот договор истекуваше на крајот на 2025 година.

-Горд сум што ќе продолжам да го водам овој неверојатен спорт што го сакам и кој е дел од мојот живот уште од детството. Заедно со сите наши засегнати страни, ќе продолжиме да им служиме на најдобрите интереси на нашите фанови, бидејќи тие се движечката сила зад сè што правиме. Страста, енергијата и адреналинот се горивото што ме тера да давам се од себе во Формула 1 секој ден, рече Доменикали.

Тој е претседател и извршен директор на Формула 1 од 2021 година. 

Доменикали претходно, од 2007 година раководеше со тимот на Ферари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан