Верстапен: Болидот на Ред Бул не е најбрз во моментов
- Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ги сподели своите очекувања за претстојната сезона во Формула 1.

Мелбурн, 13 март 2025 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ги сподели своите очекувања за претстојната сезона во Формула 1.
- Во добра форма сме, но конечните заклучоци ќе ги донесеме после викендот. Тестовите помогнаа да се идентификуваат аспектите кои бараат подобрување. Во споредба со минатогодишниот модел, новиот автомобил е чекор напред, но сепак има области на кои треба да се работи. Патеката во Мелбурн е различна од Бахреин и треба да се прилагоди стилот на возење. Тешко е да се каже како ќе се одвива сезоната. Во моментов нашиот болид не е најбрз, но претстои долго првенство. Да ме прашавте за формата на тимот во Австралија пред една година и на крајот на сезоната, ќе дадов сосема поинакви одговори. Во Формула 1 сè се менува многу брзо. Не размислувам дали оваа сезона ќе биде најтешка. За мене, важно е да се фокусирам на работата – и на патеката и надвор од него, да ги поправам недостатоците на болидот, да ги минимизирам грешките и да освојувам бодови, рече Холанѓанецот на прес-конференцијата на ФИА.
Првата трка од новата сезоната во Формула 1 ќе се вози на 16 март во Мелбрун за Големата награда на Австралија. зс/
Фото: ЕПА