• четврток, 13 март 2025

Бах разочаран од скандалот со опремата на норвешките ски-скокачи

Бах разочаран од скандалот со опремата на норвешките ски-скокачи

Лозана, 13 март 2025 (МИА) - Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах го коментираше скандалот околу манипулацијата со опремата на норвешките ски-скокачи на Светското првенство во Трондхајм.

-Слушнав за тоа, прочитав за тоа во медиумите и го следев овој случај. Исклучително сум разочаран и од фактот дека тоа јасно беше направено намерно. Не беше обична случајност туку јасна измама, изјави Бах.

Меѓународната федерација за скијање и сноуборд (ФИС) вчера  привремено ги суспендираше ски-скокачите Мариус Линдвик и Јохан Андре Форфанг, како и Јорген Гробак кој се натпреварува во нордиска комбинација.

На опремата кај норвешките спортисти имало недозволени компоненти за да бидат подобрени нивните аеродинамички карактеристики. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан