• петок, 03 мај 2024

Кандидатот за претседател Османи од кумановци ја побара поддршката

Кандидатот за претседател Османи од кумановци ја побара поддршката

Куманово, 8 април 2024 (МИА) - Караванот на „Европскиот фронт“ предводен од кандидатот за претседател на државата, Бујар Османи, заедно со членови на ДУИ и кандидати за пратеници, вчера во Куманово се сретна со граѓаните. На отварањето на штабот, кандидатот за претседател Османи кажа дека Куманово ќе каже „Да- за европскиот сон, Да за европскиот претседател“.

-Европскиот фронт е наменет, не само за овие избори, туку за сите идни проекти, суштински важни за граѓаните од сите сфери на живеењето, економијата, подобар стандард, подобри услови за живот, европски стандарди во земјава... 24 април и 8 мај се датуми кои ќе донесат успех, рече Османи кој кажа дека во суштински проекти од кој бенефит ќе имаат граѓаните кои на овој начин гласаат за европски стандарди.

Пред присутните се обратија и Садула Дураку, Арбр Адеми, Скендер Реџепи, Елми Азири, Селма Каришиќ, Фатима Османовска, претседателот на локалниот огранок, Ридван Асани кои кажаа дека е важно да се поддржи кандидатот за претседател Османи, зашто на тој начин ќе се обезбеди европската иднина за граѓаните, што значи и подобар стандард и подобри услови за живеење на сите. ам/сст/


Фото: МИА


 

 

 

 

Остани поврзан