• петок, 22 ноември 2024

Кампањата ,,Паркирај правилно" претставена во Берово

Кампањата ,,Паркирај правилно

Берово, 24 јануари 2024 (МИА) -  Во Берово денеска беше спроведена превентивна акција, за учесниците во сообраќајот, „Паркирај правилно”.

Активноста се реализира во организација на ОВР ПС Берово, а во соработка со Општина Берово.

-На учесниците во сообраќајот им беа поделени флаери со пораки за безбедност во сообраќајот и од страна на униформирани полициски службеници, во соработка со службите при Општина Берово,  на сите возачи, им е укажано за последиците, кои можат да настанат како последица од неправилно паркирање и запирање, информираа од Општина Берово.

Од Општината и ОВР Берово апелираа на зголемување на свесноста за правилното паркирање, се со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

-Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возачот, односно сопственикот на возилото, не смее да го запре или паркира возилото, на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите. Исто така, неправилното паркирање, може да доведе и до сообраќајни незгоди, а може да биде и сериозна пречка, за квалитетно чистење на улиците од снежни наноси, е главната порака која им беше упатена на улесниџите во сообраќајот од Берово.

Активности во рамки на оваа кампања се планирани и на територијата на други градови кое го покрива ОВР Берово.вс/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан