• четврток, 02 мај 2024

Кадриу: ЈП „Пазаришта“ Куманово работи со добивка

Кадриу: ЈП „Пазаришта“ Куманово работи со добивка

Куманово, 9 јануари 2024 (МИА) - По извесен период Јавното претпријатие „Пазаришта“ бележи позитивно работење и добивка, соопштија денеска надлежните кои ја оценуваат изминатата 2023 година како успешна. Целта на менаџерскиот тим е Куманово да добие современ, модерен пазар кој ќе понуди одлични услови за закупците, потрошувачите, како и поголеми приходи за претпријатието.

-За ЈП „Пазаришта“ 2023-та година беше успешна. Можеби првпат после многу години работејќи со загуба, ЈП забележува работа со добивка. Претходно состојбата беше многу отежната, гледано од финансиски аспект. Ние со добар план, со одговорно менаџирање, успеавме да ја надминеме состојбата и од претпријатие кое работеше со загуба да работиме со добивка. Во минатото, вработените од претпријатието со месеци наназад не земаа плати. Денеска ова јавно претпријатие функционира сосем нормално, вработените имаат редовна плата, К-15 редовно, изјави директорот на ЈП „Пазаришта“, Гзим Кадриу.

Најголема придобивка претпријатието остварува од издавање на деловните простории, како и од издавањето на тезгите на зелениот пазар.

-Напредок на сите полиња е направен, особено на зелениот пазар и преку издавање на деловните простории. Тука е регистриран најголемиот напредок. Новоизградениот тровски центар во близина на пазарот, придонесе за подобрување на финансиската состојба на ЈП и луѓето кои работат и оние кои држат тезги и деловни простории, имаат придобивка, вели Кадриу.

Од 490 тезги на зелениот издадени се 410. Проблем сè уште има на реонскиот пазар. Таму заради немањето паркинг од 130 издадени се само 14 тезги. Од претпријатието велат дека и добиточниот пазар е затворен поради присуство на африканска чума во кумановско.Надлежните од претпријатието се надеваат дека ќе заврши постапката поведена од правниот сектор на општинатаза преминување на земјиштето на пазарот во сопственост на општина Куманово. Ова е прв чекор за да може да се подготви проект за модерен пазар.

-Правниот сектор поведе постапка за да може да премине земјиштето во сопственост на општина Куманово откако ќе помине во сопственост заедно со градоначалникот ќе понудиме нов проект за современ пазар кој ќе ги задоволи потребите на граѓаните. ЈП доби известување бев информиран до каде е постапката мислам дека во овој период предметот е во Министерството за транспорт и врски и апелирам до надлежните да бидат поажурни, поефикасни, да се реши предметот за ние после да можеме да излеземе со нов проект ЈП заедно со општина Куманово, вели Кадриу.

Тој се надева дека по завршување на постапка до АД за стопанисување со станбен и деловен простор ќе почне и изградбата на кружен тек, што дополнително ќе придонесе за подобрување на функционирањето на пазарот. ам/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан