• недела, 24 ноември 2024

Мицкоски: ДУИ купува гласови и полни кутии, но не им бега местото во опозиција

Мицкоски: ДУИ купува гласови и полни кутии, но не им бега местото во опозиција

Скопје, 2 мај 2024 (МИА) - Ниту размислувам, ниту на памет ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите, а и на овие избори се покажа дека имаме антивладино расположение и тоа треба да се почитува и мора да се почитува гласот на народот, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

-Тоа што го прави на терен ДУИ не е волја на народот, има притисоци, поткупи. Тоа народот не го сака. За ова има сведоштва. Мора да го споменам случајот и со општина Липково во едно избирачко место за каде има и пресуда од Управен суд за неправилности. За што има сомневање за други места, дека тоа се случува и во Гостивар, Тетово. Бројни нерегуларности се поврзани со ДУИ, рече Мицкоски на гостување во телевизија АлсатМ и посочи дека и покрај купувањето гласови и полнење кутии на ДИУ не им бега местото во опозиција.

Нагласи дека ДУИ не може ДУИ да се однесува дека ова е бинационална држава, и додаде дека ова е држава на сите.

Најави дека идната влада ќе удри силно по, како што рече, челото на корупцијата донесена од ДУИ и СДСМ, кои ги крадат и Македонците и Албанците.

-Имаме план, корупцијата за жал во Македонија има пандемиски размери. За жал со измените на оној кривичен законик ограничен е просторот за маневар и за барање на кривично дело кое новата владата во рамките на своите истражни капацитети би можело да бара, рече Мицкоски и најави формирање на антикорупциски фронт без што, додаде, нема да можеме да се развиваме нити во ниеден друг сегмент во општеството, нити во економијата, образованието, здравството.вј/аа/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан