• понеделник, 20 мај 2024

Кавадарци организира интернационален натпревар за најдобри вина

Кавадарци организира интернационален натпревар за најдобри вина

Кавадарци, 13 јануари 2024 (МИА) - Интернационален натпревар за најдобри вина се организира во Кавадарци, во чест на денот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, од страна на Здружението за промоција на производи од грозје и вински туризам,  „Винотек“,  во соработка со Вински музеј, под покровителство на градоначалникот и локалната самоуправа. Објавен е јавниот повик за доставување на мостри за оценување. 

- Станува збор за интернационална дегустација и оценување на вина произведени од регистрирани производители, мали винарии и домашни индивидуални производители. Ќе има повеќе категории за оценување. Млади вина од берба 2023 и тоа бели, розе и црвени, бели, розе и црвени мирни вина и најдобро странско вино, појаснија денеска организаторите на настанот за МИА. 

Тие нагласија дека оценувањето на квалитетот ќе го врши стручна комисија. Ќе се оценуваат сите доставени мостри, а ќе се доделат пехари, медали, дипломи и награди на најдобро оценетите три вина од секоја категорија. свд/бд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан