• сабота, 04 мај 2024

Исмаили: Верувам дека може да ја направиме промената

Исмаили: Верувам дека може да ја направиме промената

Скопје, 26 април 2024

Ромите секогаш имале добра и искусна младина подготвена да се вложи и да работи за заедницата. Аваја има сериозен предизвик пред себе – да направи подобар живот тука, порача носителот на листата во Изборната единица 6 – Дениз Исмаили на синоќешната средба со жителите на Тетово. 

„Силно верувам дека може да ја направиме промената. Но за да успееме потребни сме сите заедно да се стремиме кон една цел. Аваја има знање, лубов и чест кон нашиот народ. Другите партии не пропуштија . Но Аваја е тука за ВАС. Ако Ромите почнат да се зајакнуваат, тие знаат дека ќе почнат да губат пратеници и советници. И ние немаме друг избор, освен да застанеме и да бидеме рамо до рамо со нашиот народ. Доста е од купување на гласови и доста е од корупција која што ја почнуваат. Ако не НИЕ, КОЈ ? КОј друг може да го промени тоа. Затоа ние нема што да изгубиме. Ромален амен АВАЈА“, рече Исмаили пред жителите на Тетово.

Тој порача дека граѓаните на 8 Мај ќе ја препознаат стратегијата на Аваја и ќе се придружат на партијата. „Стоиме пред вас со знаење и чесност. Затоа сите од колено на колено, од фамилии до роднини, од пријатели и другари до истомисленици да ја прошириме и да успееме во оваа ИДЕЈА“, вели Исмаили.

Акиф Кариман, претседател на партијата Аваја, во своето обраќање пред тетовчани потенцираше дека „креативноста на политичките партии за манипулација и залажување на нашиот еснаф и нашите активисти и носители е на највисоко ниво и нема ниту крај, ниту граници“.

„Замислете таа креативност да ја искористеја за да го подобрат животот на ромската заедница, за да може да живееме барем малку подобро и послободно а не да мислиме од денеска за утре. Таа политика на застрашување знаеме каде не донесе или да се изразам уште подобро, каде не однесе. Не однесе во Европа, во други држави, не носи далеку од нашите мајки и татковци, браќа и сестри. Зошто ? Затоа што системот овде не функционира. Системот овде не е праведен за нас и не е ист за нас како што е за другите. Ние сме овде затоа што сакаме мир, да се почитуваме меѓу себе, сакаме да има стабилност во оваа држава и еднаквост. Ние сме овде да го земеме тоа што ни следува. Ништо помалку од тоа. Партиите кои што продолжуваат со таа политика на страв – само губат. Затоа што народот е со Аваја“, рече Кариман.

Тој потенцираше дека излезноста на Ромите на првиот круг претседателски избори бил многу низок затоа што им е смачено од досегашниот начин на водење на политиката.

Според него, Ромите немаат друга држава затоа што Македонија е наша татковина. „Сакаме државата да напредува, да биде подобро место за живот за сите нас. Не да бидеме третирани како слика без тон и кога нешто ќе ни затреба, тогаш да одиме кај Ромите. Нема да дозволиме тие незаконски тактики на заплажување, на лажење на заплашување, да се случат повторно и повторно. На крајот на краиштата, тие партии да биле добри – тие не би се занимавале со такви тактики за влечење гласови. Вчера имаше избори и верувам дека никој од Вас не излезе да гласа, што и се покажа на резултатите. На Ромите им е преку глава од една иста реторика“, вели Акиф Кариман.

Тој, на крајот на тетовчани им порача „Доста беше од лажење и крадење. Како велат - кој лаже, тој краде , спие во подрум и има вошки. Народот сака промени“.

ДОСТА БЕШЕ ОД ПРИТИСОЦИ

Доста беше од политика на страв!

Доста беше од лажење и крадење!

Народот сака промени! На државата и се потребни промени!

На 80ми Мај сите да гласаат за број 10 затоа што Аваја е единствената опција која ја имаме.

 

Носител на листата на Аваја во Изборната единица 6 – Дениз Исмаили 

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан