• понеделник, 13 мај 2024

Иселеници од Австралија донираа странска литература за потребите на ЈЛБ ,,Илинден"

Иселеници од Австралија донираа странска литература за потребите на ЈЛБ ,,Илинден

Делчево, 6 март 2023 (МИА) - Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, од денеска е побогата за околу 200 наслови, книги на англиски јазик. Книгите, како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска се донација од иселеници од Делчево кои живеат во Австралија.   

-Книгите се донација на нашите иселеници, Кире и Виолета Атанасовски, кои веќе 20 години живеат во Мелбурн, Австралија. Станува збор за сосема нови книги купени во Австралија и испратени на ЈЛБ „Илинден“- Делчево. Од мое лично име и од име на библиотеката, огромна благодарност до Атанасовски, се надеваме дека кога ќе дојдат во родното Делчево, ќе ја посетат нашата библиотека, ќе поразговараме и лично ќе им се заблагодариме за оваа донација, истакна Петровска. 
 
Овие книги на англиски јазик, како што додаде, се голема радост за сите во библиотеката, а особено за помладите членови кои сакаат да читаат на англиски јазик.  
 
-Досега библиотеката има добиено повеќе донации како од наши сограѓани од Делчево така и од странство. Им се заблагодарувам на сите нив и нагласувам дека сме отворени за соработка со сите кои имаат желба да донираат, додаде Петровска.
 
Книгите како што додадоа од ЈЛБ ,,Илинден" ќе бидат обработени во следните неколку дена и ќе бидат достапни до сите читатели. вс/дма/
 
Фото:МИА

Остани поврзан