Иран го повика швајцарскиот амбасадор за да ги предупреди САД поради нападот на Израел
- – Незамисливо е дека агресивните постапки на ционистичкиот режим против Иран биле изведени без соработка, координација или барем „зелено светло“ од САД. Затоа, САД мора да сносат одговорност за своето незаконско однесување, изјави иранскиот претставник пред амбасадорката на Швајцарија во Техеран, Надин Лозано
Техеран, 13 јуни 2025 (МИА) – Иран денеска го повика на разговор швајцарскиот амбасадор во Техеран за да пренесе остро предупредување до САД, обвинувајќи ја Вашингтон за соучесништво во израелскиот напад.
– Незамисливо е дека агресивните постапки на ционистичкиот режим против Иран биле изведени без соработка, координација или барем „зелено светло“ од САД. Затоа, САД мора да сносат одговорност за своето незаконско однесување, изјави иранскиот претставник пред амбасадорката на Швајцарија во Техеран, Надин Лозано, според соопштението објавено од државната новинска агенција ИРНА.
Во истото соопштение се додава дека Иран го предупредил Вашингтон да не застанува зад Израел за време на одговорот од Техеран, вклучително и преку обид за спречување на Иран да го оствари своето „легитимно право на самоодбрана“.
САД и Иран немаат дипломатски односи, а Швајцарија дејствува како официјален застапник на американските интереси во земјата. ссм/
фото: архива