• недела, 22 декември 2024

Иранец нашол злато во отпад, па ѝ го вратил на сопственичката

Иранец нашол злато во отпад, па ѝ го вратил на сопственичката

Техеран, 9 април 2024 (МИА) - Иранец кој претурал низ контејнер за ѓубре во градот Алигударз во западен Иран, пронашол вреќа со злато и долари, па го побарал сопственикот за да му го врати „изгубеното“ богатство, јавија тамошните медиуми.

„Моите родители ме научија дека кога ќе го најдеш туѓи работи, треба да ги вратиш“, изјави за медиумите неименуваниот чесен пронаоѓач.

Мажот, 52-годишен, ја пронашол вреќата на 22 март. Вредноста на златото и парите внатре се проценува на 20 милијарди ријали - околу 35.000 евра. Тој, вели, ги чувал скапоценостите кај себе неколку дена, а ја пронашол сопственичката благодарение на банкарската картичка што ја нашол внатре.

Златото и доларите ѝ припаѓале на 50-годишна жена чиј внук ја фрлил вреќата во отпад мислејќи дека се работи за ѓубре.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан