• сабота, 25 мај 2024

Изјава на Биљал Касами, претседател на Движење Беса

Изјава на Биљал Касами, претседател на Движење Беса

Тетово, 24 април 2024 (МИА) - Претседателот на партијата Движење Беса, Биљал Касами денеска воТетово, заедно со сопругата гласаше на избирачкото место 1947 во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. 

- Како 1.800.000 граѓани на оваа држава го искористив моето уставно право да гласам за првиот човек на државата. Ова е сончев, убав ден, нека биде убав за сите граѓани на Република Северна Македонија затоа што денес го избираме првиот човек на државата тој кој ќе нè води следниот период и се надеваме дека тоа ќе биде најдобриот и најубавиот период на оваа држава затоа што конечно ќе треба да станеме членка на ЕУ. Последно е време да реагираме и да станеме како држава членка на ЕУ затоа што како што гледаме секојдневно ни бегаат граѓаните. За да не останеме празна држава треба да работиме заедно, како политички фактори, како чинители на ова општество за да ја интегрираме државата, а не да ги интегрираме нашите граѓани затоа што тоа ќе биде попусто за сите нас. Затоа ние како коалиција ќе работиме во следниот период да државата ја интегрираме во ЕУ затоа што тоа ние една од главните точки на нашата програма. Се надевам дека ова ќе биде определба на сите чинители, сите политички фактори, на овој процес и на крај сите ќе славиме, а се надевам ќе победи најдобриот, изјави Касами.

Претставници на Движење Беса пред два дена го обвинија СВР Тетово за политички притисок, а истото го посочи Касами.

- За жал има одредени структури во СВР Тетово на чело со началникот кои не сакаат да биде мирен и добар, демократски процес. Тие не го прифатија, да ги координираат активностите заедно со советникот испратен од МВР, изгледа нешто кријат. Се обидуваат да прават некои сценарија, но тоа нема да го дозволат граѓаните. Завчерашното повикување на нашите членови од младината во полициска станица беше во овој правец. Да ги уплашат луѓето. Но, после овие 30 години демократија, луѓето се научија дека нема што да тепаат за политичари, кои денес ги гледаме заедно. Во минатото тие луѓе се тепаа, тие луѓе се убиваа меѓу себе за политика, за политичари кои ги гледаме заедно. Граѓаните се научија дека со својот глас, сите тие политичари кои се собраа за да ја заштитат својата корупција ќе ги однесат во историја, истакна Биљал Касами. ас/цр/

Фото: МИА 

Остани поврзан